Вести Македонија Топ вести

Кај велешанец пронајдена дрога, при претресот нападнал полицаец

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 32 – годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 и кривично дело – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик.

На 17 ноември осомничениот нападнал службено лице – полицаец од СВР Велес кој се обидел да го претресе. Кога полицаецот со уште двајца колеги се доближил, осомничениот почнал да бега. Штом полицајците го стигнале, тој два пати со тупаници го удрил оштетениот полициски службеник во пределот на градите, а со нога го удрил во ногата и телесно го повредил. Сепак осомничениот бил совладан и кај него биле пронајдени 55,44 грама марихуана и 0,48 грама кокаин.

Поради опасост од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, соопштуваат од Јавното обвинителство.​​

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Рафа на раб на здравствена катастрофа, раселените соочуваат со недостаток на санитарни услови и пристап до чиста вода

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе