Вести Македонија Топ вести

Општина Тетово и понатаму е една од најзадолжените општини во земјава

23.404.377 евра изнесува вкупниот долг на Општина Тетово оваа година. Тоа е за само 613.845 евра помалку од наследениот, кој по стапувањето на функцијата, сегашниот градоначалник Биљал Касами тогаш го објави на билборд.

Касами презентирајќи ги бројките оцени дека процесот на раздолжување успешно тече. Тој рече дека не можеле да реализираат повеќе планирани проекти поради недомаќинското работење на претходната власт, но и поради тековните опструкции од централната власт, која не им одговорила позитивно на ниту еден повик за помош.

Главно е намалување на долгот на Општината од 14 на 13 милиони ерва, училиштата веќе немаат заостанати долгови, функционираат во рамките на нормалата. Единствено ЈКП има зголемување на долгот, додека Јавното претпријатие за паркинзи има намалување на долгот,  рече Касами.

Од трите јавни претпријатија состојбата е најлоша во Комуналното, каде долгот е зголемен, со што доцнат и платите на вработените. Претријатието за јавен превоз, пак, функцинира со субвенции од Општината. Единствено „паркинзи“ е во мала „позитива“.

Ќе предложам еден план како да се реконстуира и реструктуира Јавното комунално претпријатие. Можност за јавно-приватно партнерство со кое долгорочно ќе го решиме проблемот. Градски транспорт функционира со помош на Општината. Ако сакаме да функционира самоиздржано од сопствените приходи, картата за една линија од 20 денари треба да биде 100 денари, ние оценуваме дека ние во оваа кризна ситуација не можеме да ги покачиме картите, вели Касами.

Во насока на штедење Општината со одлука на Совет формираше трговско друштво за менаџирање со јавното осветлување, па и покрај владината забрана, документите за негова регистрација ги доставиле до Централниот регистер, од каде чекаат одговор.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе