Вести Македонија Топ вести

(видео)Приведено лице од Скопје во врска со заканите за бомби во средните училишта во Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје денеска го приведоа Н.Н. од Скопје, поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во училишта во Скопје. Во координација со надлежното обвинителство се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштува МВР.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста и дека завршија антитерористичките проверки во врска со денешните пријави дека девет училишта на територија на Скопје на електронските адреси добиле порака со закана за поставена бомба и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Најнапред околу 14.30 часот во СВР Скопје беше добиена пријава од шест училишта, потоа околу 15 часот уште од две училишта и потоа од уште едно училиште во Скопје.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите девет училишта, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе