Вести Македонија Топ вести

Училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола никогаш не добило грант од Еразмус програмата

Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола никогаш не добило грант од Еразмус програмата, потврди за Телма дикректорот на Еразмус, Марко Георгиевски. Тоа значи дека посетата на Бугарија на директорката на Техничкото училиште од Битола, Жанета Сервини и нејзиниот заменик Љупчо Здравковски, не била во рамките на Еразмус програмата, ниту пак партнер на оваа програма е фондацијата  „Бугарска Меморија“, која ги етикетираше македонските ученици како истомисленици на културниот клуб Ванчо Михајлов.

  • Техничкото училиште во Битола никогаш не е добитник на грант од Еразмус плус програмата на Националната агенција за образовни програми и мобилност, соопштија  за Телма од Националната агенција за образовни политики и мобилност. 

Општина Битола се огради  од патувањето на директорката Сервини и нејзиниот заменик во Бугарија. Велат, дека ниту ја одредуваат соработката на училиштата, ниту пак издале  патен налог за ова патување. Директорката на училиштето Жанета Сервини, откако во саботата ја испушти можноста да одговори  за патувето, деновиве испрати три соопштенија. И во денешното  демантира  дека со нејзниот заменик биле  во Бугарија со ученици од Техничко, но не објаснува кои се учениците кои фондацијата Бугарска Меморија ги  етикетира како поддржувачи  на културниот клуб Ванчо Михајлов во Битола, ниту како фотографија од раководството  на „Ѓорѓи Наумов“ се најде на интернет страница на фондацијата, потоа  кој го организирал и кој го финансирал нивното патување  во Бугарија. Сервини посетата повторно ја објаснува со Еразмус програмата.

  • Целта на посетата беше реализација на средба за иницирање на можна соработка во рамките на Еразмус+ програмата, бидејќи како училиште до сега немаме искуство со Еразмус+ проекти, какви што имаат реализирано други основни и средни училишта од Битола, напиша Жанета Сервини, директор на Техничко училиште Ѓорѓи Наумов-Битола.

По бурните реакции во македонската јавност, вчера фондацијата „Бугарска Меморија“  ги избриша фотографиите од диекрторката на Техничкото училиште во Битола, Жанета Сервини и заменикот Љупчо Здравковски, како и дел од текстот каде се споменуваат во објавата на веб страницата на Фондацијата. Таму пишуваше дека учениците од Македонија, поддржувачи на клубот Ванчо Михајлов, се во посета на Бугарија како дел од програмата на фондацијата и дека со нив  пристигганаа  и првите луѓе на Техничкото училиште Ѓорѓи Наумов од Битола. Сопственикот на фондацијата Бугарска Меморија, Милен Врабевски инаку  е финансиер на повеќе проекти во Макеоднија, меѓу кои и на културните клубови во Битола и Охрид кои ги носат имињата на докажани соработници на фашистите, Ванчо Михајлов и Цар Борис Трети.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе