Вести Македонија Топ вести

Движењето Беса и Алијансата за Албанците се за укинување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот

Градоначалникот на Општина Желино и функционер на Движењето Беса, Блерим Сејдиу на денешната прес-конференција истакна дека треба да се укине од Уставот на Република Северна Македонија формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ и да стои само албански јазик.

  • Нашиот став е дека треба да се укине 20 отсто од Уставот на Република Северна Македонија, затоа што тоа е навредливо за нас како народ, од причина што и од резултатите од последниот попис покажуваат дека сме повеќе. За овој став ќе продолжиме со нашите сили во Собранието да бараме да се укине формулацијата 20 проценти, рече Сејдиу.

На новинарско прашање кога ќе се реализира тоа, Сејдиу одговори дека тоа би се случило во моментот кога ќе се отвори Уставот со цел да се вметнат Бугарите во него.

Во истовреме денеска и Алијансата за Албанците со соопштение објави дека ќе продолжи да се залага и во иднина да го реши и отстрани овој наратив за Албанците, истакнуваат од партијата преку соопштение во врска со формулацијата „јазик што го зборуваат над 20 отсто од населението“ и да стои само албански јазик. Од партијата посочуваат дека в.д. претседателот Арбен Таравари ги повикал сите партии да седнат на маса.

  • Ние бевме и сме за соработка со сите политички партии со единствена цел да го решиме овој проблем. в.д. претседателот на АА, Арбен Таравари, ги повика сите партии да седнат на маса и ние сме подготвени да седнеме ден поскоро, кога сите ќе бидат подготвени, велат од Алијансата за Албанците.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе