Вести Македонија Топ вести

Приведен прилепчанец кој ја запалил ординацијата на сопругата

Четиририесет и седумгодишниот Д.Ѓ. од Прилеп е лишен од слобода, како осомничен за опожарување на ординацијата на неговата сопруга со која бил во лоши односи. Синоќешниот инцидент следел по семејна расправија, а по неговото приведување го признал делото.

„Синоќа околу 22 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода  Д.Ѓ.(47) од истиот град. Тој се сомничи дека околу 19:50 часот предизвикал пожар во ординацијата на неговата сопруга на улица „Сотир Ѓорѓиоски – Сотка” во Прилеп. Тие имале нарушени семејни односи. Тој признал дека со бензин ја запалил ординацијата, при што изгорел инвентарот, а оштетен и автомобил „фолксваген пасат” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.С. (19) од Прилеп, кое било паркирано пред ординацијата“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Територијалната противпожарна единица Прилеп го изгасила пожарот, а повредени лица нема. Д.Ѓ. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе