Вести Македонија Топ вести

ОЈО ГОКК не се засили со четворица обвинители, изборот заглави кај Бадентер

Трипати се одлагаше седницата за изборот на четворица обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Членовите на Советот на јавни обвинители со месеци се подготвуваа, но денеска не избраа ниту еден кандидат. Две обвинителки добија мнозинство гласови „за“, но не го добија потребното Бадинтерово мнозинство. Освен за една обвинителка, за другите кандидати, членовите не ни образложуваа зошто гласаат „за“ или „против“. За четири места беа пријавени само шест кандидати, што беше една од главните забелешки на членовите во овој оглас. Нов ќе распишат следната седница и очекуваат повеке интерес.

Обвнителките Милица Гаврилова и Маја Коневска од организиран криминал кои денеска не беа реизбрани се враќаат во основните обвинителствата од кои дошле, скопското и штипското. Елизабета Јосифовска од поранешното СЈО останува во организиран до крај на годината. Доволно гласови не добија ниту Верица Бержетска Крстевска од ОЈО Скопје, Златко Биковски од беровското обивнителство и гостиварскиот обвинител Арсим Адеми, познат по спогодбата со Зоран Милевски-Кичеец за сообраќајката со жртва. Јолевски не смета дека празните места ја ослабуваат борбата со организираниот криминал. Ваков заклучок донел врз основа на годишните извештаи за рабоата и според бројот на решени предмети.

Со формирањето на Комисија која ќе ги спроведе изборите, Советот денеска ја почна подготовката за првите непосредни избори за шеф на ова Обвинителство закажани за 7 ноември. Пријавени се пет меѓу кои и доскорешната шефица Вилма Русковска. По изборот на шеф за организиран до средината на ноември, Советот планира да избере и шеф за вишото скопско обвинителство, каде пријавени се обвинителите од поранешното СЈО кои сега таму работат Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми и актуелниот шеф на вишото, Мустафа Хајрулаи.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе