Вести Македонија

Наместо карго аеродром, во Овче Поле ќе никне најголемата фотоволтаична централа на Балканот

На плодните ниви, каде што беше планиран Карго аеродромот во Овче Поле, сепак ќе се гради најголемата фотоволтаична централа во земјава и на Балканот. Францускиот амабасадор при посетата на Штип најави дека техничките подготовки за старт на изградбата од страна на францускиот инвеститор „Акио“ се при крај. З

Земјоделците од светиниколските села Мустафино и Ерџелија реагираа и протестираа против изградбата на ова централа, за којашто велат дека ќе се постави на најплодното земјиште во Овчеполието. Побараа да се промени локацијата на околните ридови.

„Не можам да бидам многу прецизен, но можам да кажам дека сите подготовки на технички план се при крај. Но, сега основниот предизвик е носењето на специјален Закон за оваа стратешка инвестиција, којашто го подготвува Владата, а потоа треба да го изгласа Собранието, а којшто ќе ги предвиди сите оние поволности, коишто следат врз база на оваа стратетшка инвестиција и по донесувањето на Законот брзо ќе се потпише и договорот. Се надевам дека тоа ќе се случи многу брзо“, изјави францускиот амбасадор во земјава, Бомгартнер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе