Вести Македонија Топ вести

Пешевска и Костовски во „Топ тема“ – власта и опозицијата се најдоа за Законот за здруженија и фондации

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, што го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, ги обедини власта и опозицијата, беше констатирано во вечерашното издание на „Топ тема“ на ТВ Телма. Верзијата беше едногласно изгласана на вчерашната пленарна седница со 84 гласа „за“, откако пред пратениците стигна по скратена постапка. На тоа му претходеше усвојување на предлог законот за политички партии, поднесен од СДСМ, кој беше усвоен со 76 гласа „за“.

Според Жаклина Пешевска, предложениот текст за измени и дополнувања на Законот здруженија и граѓани и предложениот текст за измени и дополнувања на Законот за политички партии, предложен од координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, технички се разликуваат само во членови, ставови и алинеи.

„Нивниот предлог е целосно преземен од нашиот, со таа разлика што во нашиот предлог за Законот за здруженија и фондации се предвидува да се користат одредбите од Законот за трговски друштва што го имаат испуштено во нивниот. Тоа во иднина може да предизвика последици, бидејќи може да се основаат трговски друштва, фирми, итн., кои што ќе користат нацистичка и фашистичка реторика или ќе користат имиња од минатото кои што имаат врска со тоа. Разлика има и во преодните и завршните одредби во кои во нашиот предлог се вели дека здруженијата и фондациите, регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации, кои нема да ги усогласат одредбите од членот 1 од овој закон, ќе се бришат од регистарот за што одлука ќе носи министерот за правда“, истакна Пешевска.

Поддршка на Законот за здруженија и фондации во вечершната „Топ тема“ изрази и Мартин Костовски од СДСМ кој нагласи дека е донесен во исклучително сензитивен период на провокации кои предизвикуваат емотивни и непријатни чувства за најголемиот дел од населението.

„Го поддржуваме предлог законот за измени и дополнувања на Законот за здруженија и фондации кој беше предложен од пратеничката Рашела Мизрахи. Во ист момент цениме дека е потребно да се донесат определени измени во Законот за политички партии што го поднесе координаторот на СДСМ, со единствена цел да се стави крај на опасните провокации кои доаѓаат со отворање на определени клубови во државата. Со измените предлагаме политичките партии во своите програми, имиња, статути и обележја да не можат да бидат насочени кон разгорување на национална, расна или верска омраза, етничка нетрпеливост, нетолеранција, геноцид“, рече Костовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе