Вести Македонија Топ вести

Неда Малеска Сачмароска во „Топ тема“: Да говориме за проблемите, наместо за оценките кои сами си ги даваме

Повеќе би сакала да говориме за проблемите и предизвиците, наместо да говориме какви ни се оценките кои сами на себе си ги даваме, рече, меѓу другото, Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

Според неа, Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ треба да се толкува низ еден наратив, во смисла на тоа каде се проблемите кои што треба да ги решаваме, бидејќи, како што вели, за тоа говори документот на Европската комисија.

„Велиме „да, сме постигнале некако прогрес“. Самиот процес на евроинтеграција подразбира усогласување со европското законодавство. Денеска е 2,9, наредната година можеме да се симнеме на 2, доколку не транспонираме дел од директивите во тој процес. Затоа таа оценка би ја земала само како некаква ориентација на институциите до каде сме“, рече Малеска Сачмароска.

Во однос на реформите, таа посочи дека во некои сектори постојат одредени проблеми.

„Процесот на оценување е еден вид на вежба што ја применува и самиот Секретаријат за европски прашања, така што оценката е едно сопствено видување за тоа до каде сме со реформите. Нотата во извештајот на Европската комисија е прилично позитивна, со што се охрабрува државата да продолжи по овој европски пат. Но, во однос на реформите во некои сектори, постојат одредени предизвици“, рече Малеска Сачмароска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе