Вести Економија Македонија Најважни

Како до гас и струја од странство?

Дали најавените договори со соседните држави Србија и Бугарија како и со Турција за испорака на гас и струја ќе успеат се помалку зависи од македонската влада. Србија се обидува да се договори со Гаспром за евентуалната размена струја за гас, се поизвесно е дека доколку нема помош од ЕУ нема да може да се купуваат бугарските вишци на струја а понудата од Турција сеуште се чека. Стопанската комора побара од Владата најдоцна до среда да ги објавени мерките за помош бидејќи големите компании се пред колапс.

Волја кај соседите за помош во струја и енергенси постои но конкретен договор сеуште нема. Иако Владата најави солуции и конкретна помош во гас и струја од Србија и Бугарија, таа виси поради законските регулативи на Европската Унија или пак поради сопственоста на руски „Гаспром“ на интерконекторот кај  Жидилово.

Премиерот Ковачевски соопшти дека Србија се обидува да најде решение со руски „Гаспорм“ кој го закупи интерконекторот за да може да се изврши планираната размена гас за струја, додека со Бугарија се е во рацете на работните групи и евентуално финансиска помош од фондовите на ЕУ која ја најави претседателот Пендаровски кој викендов се сретна со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Понудата од турски „Боташ“ сеуште се чека.

Се работи секојдневно на овие сложени операции во исклучително тешки услови, нагласи премиерот.

А вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, меѓу редови ги упати гоелмите потрошувачи на слободниот пазар каде што моменталната цена на мегават час струја е 260 евра.

Во среда во Владата ќе се одржи седница економскиот совет на која ќе се дебатира околу досега постигнатите договори за набавка на енергенси и евентуалните сценарија а ќе биде повикан да присуствува и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Од Стопанска комора пак денеска преку соопштение побараа од Владата најдоцна до одржувањето на седницата на економскиот совет да ги објави мерките со кои ќе се ублажи ценовниот удар.

Од Комората додаваат дека станува збор за над 1.600 компании кои се наоѓаат на слободниот пазар и поради тешката состојба веќе го предуцираат производствениот процес но и бројот на вработени и доколку не се објават мерките во најскоро време голем број од нив ќе стават клуч на капацитетите.

Првично владините мерки беа најави за 28 септември.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе