Вести Македонија

Ковачевски: Во ВМРО ДПМНЕ нема никаква разлика, наследство на поранешното раководство на партијата

Проблемот на ВМРО-ДПМНЕ е што политиката на поранешното раководство е пресликана во политиката на актуелното раководство и нема никаква промена во оваа партија, рече во интервју за Националната телевизија претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

„Нема никаква разлика, затоа што ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е само наследство на претходното раководство. Тоа се советниците во кабинетот на поранешниот претседател или претседател на Влада.  Исто декларативно се за НАТО и ЕУ, а од друга страна прават се да ги нарушат и внатрешните односи во државата, односно етничките, што можевме да го видиме на протестите при гласањето на Европскиот предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ. Исто така е и денес. Прво преку поставувањето на анти Уставно прашање за референдум. И второ поддршка на една политичка партија Левица која што има отворена соработка со политички партии од Руската Федерација и која што отворено се залага против членство во НАТО и во ЕУ.„ вели македонскиот премиер и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Во интервјуто за Националната телевизија (МТВ) претседателот Ковачевски ги повикува пратениците во македонското Собрание да делуваат одговорно и врз основа на мандатот кој им е доверен од граѓаните да носат одлуки кои ќе значат напредок на земјата.

„Пратениците го претставуваат народот, тие не претставуваат политичко лидерство бидејќи народот им дава мандат на пратениците во Собранието, и  затоа имаат обврска пред своите гласачи да носат одлуки кои што ќе значат просперитет на државата.“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе