Вести Емисии Код Македонија

КОД: Како словенечки експерт ги откри 110 милиони евра во Еуростандард

Податоците за можно перење пари од Венецуела преку Еуростандард биле добиени од луѓе во банката, објаснува експертот Драго Кос кој е поранешен директор во ГРЕКО (организацијата држави во борба против корупција). Кос го изработуваше извештајот за стечајот на Еуростандард банка кој беше претставен на крајот на август и во кој за првпат беше откриено на јавноста дека имало уплати од 110 милиони евра од Венецуела во Еуростандард пролетта 2019-та.

Во интервјуто за КОД објавено во емисијата на 18.09.2022. Кос објаснува дека често банки во сиромашни држави се користат за трансфери на пари во побогати држави и како пример го наведе Авганистан.

Новото издание на КОД со ново истражување за парите од Венецуела е вечерва во 19:15 (25.09.2022.)

Во продолжение е интервјуто на Снежана Лупевска Созен со Драго Кос.

Лупевска-Созен, КОД: Кога го преставувавте извештајот за стечајот на Евростандард банката , во него имаше интересен податок , а тоа е дека биле внесени од компании од Венецуела 110 милиони евра во банката , дека се раскинати договорите со компаниите во август 2019 заради сомнежи на државните истражни органи за перење пари преку Македонија. Вториот податок е дека директорот на Евростандард банката се обидел во тој период , патувајќи во Венецуела да обезбеди 17 милиони евра за декапитализација на банката. Тие податоци беа нови за јавноста во Македонија иако стечајот трае веќе две години. Како дојдовте до овој податок? Како успеавте да ги најдете овие податоци и што стои зад тие податоци?

Драго Кос: Кога ги собиравме податоците за извештајот , собравме многу голем број на документи и разговаравме со многу лица кои знаеја како течеле работите во банката. И ние така дојдовме до тие податоци. Не влеговме во детална анализа туку тие податоци ги пренесовме, онака како што ги добивме, затоа што нам не ни беше задачата да истражуваме потенцијално перење на пари, но секако тоа ни се чинеше многу интересно и го ставивме во извештајот. Со тоа се сложи и господинот Костовски кој го нарача тој извештај, затоа што и нему му беше тоа ново и заради тоа ние го ставивме во извештајот за да се види какви се биле обидите за влијание на банката , овакви или онакви .

Лупевска-Созен, КОД: Вие сето тоа сте го виделе кога сте истражувале што се влегло како пари во банката, дали според документите , или врз основа на разговорите со луѓето кои се од банката раководителите, на пример директорт сам одел во Венецуела заради ова.

Драго Кос: Колку што се сеќавам до тие податоци дојдовме врз основа на разговори, со луѓе кои знаеја што се случувало во банката и кои имале одредени функции во банката.

Лупевска-Созен, КОД: Господинот Трифун Костовски не сака да зборува за ова, вели дека не знае за ова.Дали е можно сопственикот на банката да не зане што прави директорот, и зошто отишол во Венецуела , затоа што се работи за докапитализација на банката . Кој е начинот, не знам дали вие истражувавте некој да дозволи да се докапитализира банката со вакви пари?

Драго Кос: Морам да кажам дека господинот Костовски беше изненаден кога ние го презентиравме тој податок, значи кога тој тоа го дозна од нас, навистина имав впечаток дека тој не знае. Се разбира , претседателот и надзорниот одбор мора да знаат што прави менаџментот тоа не значи дека мора да бидат упатени во секоја конкретна работа што ја работи менаџментот на банката . Колку што ние можевме да сфатиме за време на анализата на случувањата, односите во банката не биле баш на некое високо ниво па мене ми личи и логично господинот Костовски дека можеби и не знаел за овие работи.

Лупевска-Созен, КОД: Колку тие кредити , тие пари влијаеле на стечајот на Евростандард банката знаеме каков беше исходот во врска со стечајот на банката. Колку влијаело?

Драго Кос: Во зависност од тоа каков вид биле тие влогови , да ги наречеме штедни влогови од Венецуела се разбира, кога биле присилени да ги повлечат сите тие влогови тоа се разбира дека се одразило на состојбата во банката , и податокот дека биле барани 17 милиони евра да се докапитализира банката покажува дека тоа биле пари кои се неопходно потребни за да може Евростандард банката да остане во живот , и не само тој податок и други потатоци за докапитализацијата кои се вршени покажуваат дека тие 17 милиони евра многу значеле за опстанок и понатаможен живот на Евростандард банката.

Лупевска-Созен, КОД: Тоа што нам но и на истражните органи им е несфатливо е , зошто би се одело токму во Венецуела за да се побара докапитализација, затоа што тоа упатува на перење на пари , затоа што постојат сомнежи дека од Венецуела заради забрана на трансакции , постоел модус операнди за перење пари , тие не смееле да ги направат тие трансфери , но понудено е неколку земји меѓу кои и Макеоднија преку оваа банка , да се трансфериаат пари во овие краеви.

Драго Кос: Знаете тоа се две различни работи, ако зборуваме за перење пари тоа подразбира дека се направени некои кривични дела , од кои произлегле пари кои се пласираат на пазарот, за перење пари мора да постои кривично дело. Но самата забрана за трансфер од некоја држава тоа не е перење пари тоа е забрана на трансфер . Евростандард банката не единствена во која ние сме работеле слични работи, морам да ви кажам дека мене воопшто не ме изненадува бидејќи толку многу пати сум видел земји, банки од различни земји, испраќаат пари во земји каде луѓето не знаат дека тие земји воопшто постојат. На пример работевме во Авганистан а парите беа испраќани во Латвија, не беше јасно како Авганистанците знаат дека постои земја која се вика Латвија но таму влегоа стотини милиони евра. Така што постојат различни причини за такви трансакции но во секој случај дејствите дека такви пари влегуваат во вашиот систем мора да ги заинтересира истражните органи како што треба да ги заинтересираат и многу работи кои се наожаат во нашиот извештај.

Лупевска-Созен, КОД: Колку внимание се постветува на ваквите обиди кои и сами вие ги спомнавте, пари на диктатори , автократи , од недемокартски држави да одат преку европски земји , колку е честа таа појава, и тоа испраќање на пари во земјите од југоисточна Европа. Дали еве како Евростандард се нашле во криза па мора макар и тие пари од автоктратите од недемократските земји како Венецуела да ги оприми во својот систем?

Драго Кос: Се разбира дека постојат земји , банки и лица кои сакаат да го искористат невољите на други банки или поединци но постојат и земји кои плански се определиле дека нивните банки ќе се занимаваат со перење на пари , Македонија не е таков случај а се надевам дека нема ниту да биде ноп јас во кариерата сум видел многу источноевропски земји кои биле искористени за перење огромна количина на пари , да кажеме јас знам земја низ која поминале 80 милјарди евра кои се уште не се вратени, никогаш нема ниту да бидат вратени, а тоа е земја која е многу помала од Македонија. Така што помалите земји со многу изложени финансиски системи кои не се толку јаки а и банките не разполагаат со голем основен капитал , се потенцијални жртви на таканаречените ,,странски вложувачи,, , се надевам дека во Македонија тоа не е случај. Видовме дека во случајот со Евростандард банката дека е прекината работата со Венецуела и дека други банки во тоа дури и не учествувале.

Истражување КОД: Мал Каракас во Скопје. Синџир од фирми со директори од Венецуела и сметки во Еуростандард префрлиле 110 милиони евра

Лупевска-Созен, КОД: Ова нам новинарите ни покажува дека парите не одат директно , туку тие пари одат во Русија па Србија па можеби во Македонија или оди во Бугарија, можете ли да ни ја објасните таа шема на таквите пари на кои често им се заматува трагата па не се знае кој и како со какви фактури ги дава тие пари.

Драго Кос: Во секоја земја треба да постои систем за борба против перење пари а колку што јас знам барем во теорија македонскиот систем е многу добро развиен , многуи подобро развиен во многу источно европски земји и морам да кажам дека и многу добро функционира , но тоа не значи дека тој систем ќе функционира 100% , секогаш постои одрдена можност да се пласира одредена сума на пари а тоа најмногу зависи од тоа како банките се придржуваат на прописите на тој план. На среќа, дури и кај Евростандард банката се покажа и покрај тоа што влегле влогови од Венецуела за кои јас тврдам дека не нужно дека биле заради перење на пари , можно е само да се кршени санкции но во Евростандард банката дошле брзо со прекин на тие операции и мислам дека било која банка во Македонија би постапила така , некои дури и побрзо а некои и без интервенција на Народната банка на Македонија но битно е дека тие пари отишле надвор од системот на Македонија инаку системот би бил во уште поголеми проблеми одошто е сега.

Лупевска-Созен, КОД: Ви благодарам многу за интервјуто и за објаснувањето за овој случај.

Интервјуто е на следниот линк заедно со првиот дел од истражувањето за таканаречениот Мал Каракас во Скопје.

Оваа недела (25.09.2022.) вториот дел од истражувањето за парите од Венецуела и интервју со Бранимир Јовановиќ, поранешен советник на министерот за финансии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе