Вести Емисии Код Македонија

КОД: Мал Каракас во Скопје. Синџир од фирми со директори од Венецуела и сметки во Еуростандард префрлиле 110 милиони евра

Редица фирми во Скопје со директори и управители од Венецуела биле основани пролетта 2019-та на две локации во главниот град, открива КОД во вечерашната емисија. Со истражувањето во емисијата се покажува дека фирмите од тој таканаречен Мал Каракас во Скопје учествувале во операција за префрлање на 110 милиони евра од јужна Америка преку сметки во Еуростандард банка. Надлежните органи го истражуваат случајот, но поради сензитивноста на истрагата не откриваат детали.

Првите трансакции на големи суми евра биле забележани во април 2019-та години. Моделот бил ист, биле уплаќани на сметки на македонски фирми, а главно доаѓале преку Русија, една од ретките земји која нема санкции за лидерите на режимот во Венецуела.

Трагата на парите Москва-Скопје лесно се потврдувала, велат изворите на КОД. Но невообичаено било тоа што иако парите се врзувале со ретките Венецуелци во Македонија никако не можело да се најде трагата и врската Каракас-Москва.

Парите не минале низ СВИФТ системот како што минувале кон Македонија, па претпоставката која по проверка на авионски летови Каракас-Москва се покажала како најверојатна била дека до Русија биле префрлани во кеш, со авиони.

Потоа преку руски банки патот продолжувал кон европски земји, а 110 милиони евра завршиле во Македонија, на сметки отворени во Еуростандард.

Трансакциите ги регистрира Финасиското разузнавање во Скопје, а Управата во одговорот до Телма тврди дека уште тогаш пред 3 и пол години ги презела сите законски предвидени активности. и дека обвинителството веќе истражува за Еуростандард банката, „па со било каков одговор на нашите прашања Управата не би сакала да влијае на понатамошниот тек и работата на надлежните во било кој поглед.“.

Предистрагата е отворена по откритието на трансферите во мај 2019-та. Според информациите на КОД, 5 милиони евра од парите од Венецуела се замрзнати во Србија по барање на македонското обвинителство.

Милионски суми се замрзнати и на сметки на македонски фирми, но не оние кои имале директори од Венецуела затоа што тие пари веќе биле извлечени. Во Србија се замрзнати 5 милиони евра кои требало да бидат префрлени во Белорусија.

Фирма од Македонија од шемата Венецуела наводно купила за тој износ вештачко ѓубриво од фирма од Белорусија, каде пак со години владее уште еден автократски диктатор Лукашенко. Парите се префрлаат на сметка во фирма во Србија.

Но трансакцијата била откриена навреме и по барање на македонското обвинителство тие пари се замрзнати во Србија. Секако станувало збор за фиктивна купопродажба, не се купувало никакво ѓубриво туку се потпишувале само договори за да се оправда префрлањето на парите.

КОД: Како словенечки експерт ги откри 110 милиони евра во Еуростандард

Всушност на тој начин е откриен оперативниот модел на ова извлекување на венецуелските пари од Македонија. Фиктивни милионски фактури за купување на непостоечка стока. Така се регистрирани и трансакциите во Македонија каде се замрзнати сметки на фирми.

Миомир Серафиновиќ

Во првото издание од новата сезона на КОД  и интервју со експертот Драго Кос кој преку извештајот за стечајот на Еуростандард ги откри на јавноста овие трансакции со Венецуела. Целата емисија е на наредниот линк.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема 10.05.2024

Дејан Дејан

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев,Русковска ,Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе