Вести Македонија Топ вести

Синдикатот на УКИМ на чекор пред штрајк

Иако средбата со премиерот беше најавена уште пред еден месец претставниците на синдикатот при УКИМ велат се уште не се повикани.

Најавија дека доколку итно не остварат средба ќе преминат на следен законски чекор – медијација па штрајк.

И претходно предупредуваа дека доколку не бидат исполнети нивните барања за скалесто покачување на платите на професорите новата академска година нема да почне во предвидениот рок.

Најава за штрајк имаа и во јули годинава но не се реализира за како што велат да не им се наштети на студентите за време на испитната сесија. Но овој пат тврдат дека се сериозни во намерата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе