Вести Македонија Топ вести

Од Катедрата за македонски јазик бараат објаснување каде е заглавен Законот за негова употреба

Катедрата за македонски јазик и членови на Советот бараат објаснување каде е заглавен Законот за негова употреба.

Од надлежните добиле одговор дека ќе испитаат зошто регулативата што треба да го штити и промовира мајчиниот литературен јазик е блокирана.

Ова се случува во време кога интересот за изучување на македонски јазик е многу мал односно годинава во првиот уписен рок интерес пројавиле 8 студенти и уште 1 студент се запишал во втор уписен рок.

За тоа како самите си го уништуваме мајчиниот јазик во Утринската на Телма зборуваше професорката Искра Пановска Димкова, која воедно е и Раководител на Катедра за македонски јазик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе