Вести Македонија

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на на Хашемитското Кралство Јордан се сретнаа

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ОН, се сретна со министерот за надворешни работи на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман Хусеин ал-Сафади со фокус на претстојната Медитеранска конференција на ОБСЕ, што Северна Македонија, како иден претседавач ќе ја организира во Јордан.

Како што соопшти МНР, соговорниците изразија задоволство од развојот на билатералните односи, потенцирајќи ја важноста од натамошно унапредување на соработката во рамките на меѓународните организации и институции.

-Фокус на разговорот беше претстојната Медитеранска конференција на ОБСЕ, што Северна Македонија, како иден претседавач со Организацијата, одлучи да ја организира во Јордан. Подготовките за конференцијата се во тек, а соговорниците изразија задоволство за можноста заеднички да придонесат кон зајакнување на врските меѓу ОБСЕ и земјите – партнери од медитеранот, се наведува во соопштението.

Министерот Османи, се додава, упати благодарност кон Ал-Сафади за подготвителните активности за ко-организирање на Медитеранската конференција која ќе се одржи кон крајот на октомври во Јордан. Соговорниците изразиле уверување дека Конференцијата ќе биде заеднички успех за двете земји и дека ќе ја зголеми перспективата за заемна билатерална соработка во иднина.

На средбата станало збор и за соодветните регионалните состојби и предизвици  при што бил изразен интерес за зајакнување на соработката меѓу двата региони, во областите од заеднички интерес, стои во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе