Вести Македонија

Една година од прогласувањето на Шар Планина за националниот парк, установата има само директор и ниту еден друг вработен

Без активности на терен една година откако Шар Планина е прогласена за заштитено подрачје. Досега биле направени само подготовки, за денес Нацрт- планот за управување со Националниот парк да биде ставен на јавна расправа. Со него се предвидува, покрај досегашниот 1 вработен, односно директорот на Установата, да бидат ангажирани 15 лица, вклучително и ренџери. Од идната недела ќе бидат отворени и канцеларии.

Надлежните свесни дека се доцни, но велат дека било потребно време.

Првпат од 1956 година ние да креираме национален парк и ние сите заедно ја учиме процедурата. Важно е да биде успешен на крај, иако доцниме малку, но тоа не значи дека немаме активности, директорот и екипата нон стоп се на терен. Утре ќе имаме еден план, денеска дебатираме за тоа, сите да бидеме задоволни, и граѓаните и приватниот сектор и да ја заштитиме Шара, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Очекуваме сега брзо и канцелариите да ги добиеме, ренџерската служба и другите вработени, секако верувам за брзо време и тие ќе бидат на терен, очекуваме добра соработка со граѓаните и со резидентните во Националниот парк, тие се најдобрите чувари на Шар Планина, рече Ибрахим Дехари, в.д. директор на ЈУ Национален парк „Шар Планина“.

Планираните велат дека Шар Планина е во најлоша состојба досега. Продолжува дивата сеча, градењето дивоградби, хидроцентрали и отворањето патишта. Паркот ќе има поддршка од нив, но потребно е сите институции да бидат вклучени.

Огромен реон имаме на Шара, за да се покрие треба минимум 80 ренџери, повеќе од 20 возила, кои ќе гледаат како се работи, инфо центри и сл. Свесни треба да бидеме сите, да дадеме поддршка на Националниот парк, да ги притискаме другите институции да бидат насочени кон заштитата и побрзо да се реализира вработување и се што треба друго за да може побрзо да функционира, вели Јован Божиновски од платформата „пријатели на шара“.

Националниот парк Шар Планина зафаќа површина од 62 705 ха, а идниот економски развој и заштитата на природните вредности се дефинирани во 4 зони на заштита.

Данијела Бибилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе