Вести Македонија Топ вести

Започна скринингот на усогласеноста на македонското законодавство со европското

Започна скринингот на усогласеноста на македонското законодавство со европското што е прва фаза од преговорите за членство во Европската унија.

„Ова не е само среќно утро за сите нас, туку и по малку и емотивно, бидејќи ова дојде по долго чекање и по многу нерамен пат. Но сега сме тука и ова е многу важна постигнување и за Албанија и за Македонија и за ЕУ“, рече на почетокот на состанокот, Михела Матуела, директор за Западен Балкан во Европската комисија.

Во Брисел денеска се одржа првиот состанок меѓу европските и македонските преговарачи кои го стартуваа објаснувачкиот скрининг кој до ноември треба да направи проверка колку од законодавството на Унијата е преточено во македонското.

Македонија во 2018 направи подготвителен објаснувачки скрининг, поради кој сега Европската комисија ќе проверува колку од европските регулативи донесени од тогаш до денес се преточени во македонското законодавство.

„Македонскиот тим, тука во Брисел, а и колегите кои не следат од Скопје се подготвени да ги слушнеме вашите искуства и совети за тоа како најдобро да се исполнат барањата на законодавството на ЕУ во областа на јавните набавки, поглавје кое е дел од Кластерот Темели“, посочил Маричиќ пред европските претставници.

Први за проверка, дали се во согласностс со европското законодавство, денеска беа националните регулативи кои ги уредуваат јавните набавки. Главниот македонски преговарач, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, за законодавството за јавните набавки, ги информираше европските претставници дека во голема мерка е усогласено со правото на ЕУ.

Утре на дневен ред е регулативата која ја покрива областа Статистика.

И поглавјето и јавни набавки и статистика се дел од првиот Кластер кој се отвора во преговорите за пристапување – Темелни вредности.

Објаснувачкиот скрининг за поглавјата од првиот Кластер ќе траат во идните 12 дена.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе