Вести Македонија Топ вести

Арсовска до ВМРО-ДПМНЕ: Откако ви го фатив “директорчето со рачето во медот“ не чинам а до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје

„Притисок, компромитација, манипулации и рачиња во мед“!

Ова е дел од вокабуларот на седницата за советнички прашања, која потврди дека градоначалничката Данела Арсовска ја изгуби поддршката од ВМРО ДПМНЕ.

Советникот Луке Галевски ја нападна дека го компромитирала проектот за изградба на пречистителна станица за Вардар вреден 160 милиони евра, а таа возврати дека тоа се лаги и дека Христијан Мицкоски се крие и заканува, но никогаш нема да излезе од тендер-матрицата.

Арсовска рече дека во ВМРО ДПМНЕ има чесни луѓе, но Мицкоски не е еден од нив.

Градоначалничката не даде конкретен одговор, но Галески ја праша како протекла информацијата за тендерската понуда пред да биде отворена.

Европската инвестициска банка синоќа соопшти дека од почетокот се почитуваат условите и обврските за исплата на средства за Проектот за пречистување на отпадната вода во Вардар.

„Обидите да се ревидира стратегијата за набавки без соодветно оправдување може да предизвика одложување на набавката“, објаснува банката.

Арсовска го разреши директорот на Водовод и канализација, Златко Перински, поради самоволие и влијание токму врз овој тендер, а тој ја обвини дека побарала смена на членовите на евалуационата комисија, што не било одобрено од банката-кредитор.

Претседателот на Советот, Трајко Славески, за Топ тема изјави дека ако се потврдат сомневањата за упад на Арсовска во процесот, може да побараат и интервенција на правосудните органи. ВМРО ДПМНЕ до сега не побара оставка од градоначалничката, но нејзината работа ја оценува со „далеку под очекувањата“.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе