Вести Македонија

Бислимоски: РКЕ не ги признава кражбите на електрична енергија

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски заедно со заменик-претседателот Енвер Елмази и комесарите одржа состанок со претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Мирјана Лончар Велкова.Тие истакнаа дека потрошувачите треба да знаат дека плаќаат само за она што го потрошиле. Регулаторната комисија за енергетика не ги признава кражбите на електрична енергија во крајната цена што ја одредува и тие се на товар директно на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје. Доколку некој потрошувач има добиено сметка која има отстапување од реалната состојба, може самостојно да го отчита броилото и да ја пријави состојбата, по што ЕВН ХОМЕ е должен веднаш да издаде нова корегирана сметка со реална состојба.

На прашањето за висината за мрежарината дека во одредени сметки е повисока од цената за енергијата тој истакна дека потрушувачите отсекогаш плаќале за пренос на електропреносот.

До 30 јуни 2022 година, трошокот за користење на електропреносниот и електродистрибутивниот систем беше вклучен во цената на електрична енергија.Од 27 Јуни 2022 година се донесе нов Тарифен систем за продажба на електрична енергија со што се направи поделба на вкупниот надоместок за испорачана електрична енергија на: надомест за електрична енергија, пренос и дистрибуција.Со оваа поделба на вкупниот надомест ЕВН ХОМЕ го пресликува во фактурата за испорачана електрична енергија за секој потрошувач, со цел секој да има увид кој износ го плаќа и за што го плаќа, истакна Бислимоски.

За причината зошто некои луѓе плаќаат поголеми сметки за надоместокот за дистрибуција на електрична енергија е поголем од надоместокот за потрошена електрична енергија претседателот Беслимовски посочија дека причината за тоа е дека луѓето внимаваат на потрошувачката и ја имаат насочено во ниска, евтина тарифа, трошат електрична енергија која е далеку пониска и изнесува 10 евра за мегават час, додека трошоците за мрежарина се исти и во висока и ниска тарифа.

ОПМ укажува дека граѓаните реагираат на фактурите за електрична енергија поради двојна пресметка на деновите опфатени во две последователни фактури каде во наредната се јавуваат повторно истите денови за кои претходно е фактурирано. Иако ЕВН објаснува дека граѓаните треба да го гледаат пресметковниот период на втората страна од фактурата (во делот на детални информации), од ОПМ напоменуваат дека пресметковниот период треба да е идентичен односно да не се доведуваат во заблуда со различно претставени пресметковни периоди во една фактура и се надеваат дека ЕВН ова ќе го исправи, информира РКЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје

Дејан Дејан

Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе