Вести Македонија Топ вести

Урнати гранки врз паркирани автомобили, откорнати лимени покриви од кусото невреме во Скопје

Иако траеше релативно кратко, дождот и ветерот на одредени места во Скопје предизвикаа материјална штета несразмерна со интензитетот на невремето.

Во населбата Карпош 4, на пешачката патека има повеќе откорнати гранки од дрвата, но без информации за повредени пешаци.

Неколку скопски општини објавија и од ветерот паднале и лимени покриви на некои згради кои паднале и оштетиле автомобили.

Општина Центар информираше и дека лим од покрив паднал на улицата „црвена вода“, кој оштетил возила кои биле паркирани во близина на зградата а истовремено имаат и информации за паднати дрвја на неколку места во општината.

Како што претходно информиравме, Центарот за управување со кризи соопшти дека силно невреме имало и во Пелагонија, Велес, Градско и кај Росоман.

Метеролошката станица кај радарскиот центар Тополчани регистрирала ветер кој се движел со брзина од 150 км на час.

Било запалено и сено и урнати бандери во село Каласлари.

Ветер од 150 км/час во Пелагонија, невреме во Велес и запалено сено од паднати бандери во Каласлари, велешко

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе