Вести Македонија

Ветер од 150 км/час во Пелагонија, невреме во Велес и запалено сено од паднати бандери во Каласлари, велешко

Невреме со грмотевици и поројни дождови попладнево пред 17 часот е регистрирано во Пелагонија, Велес, Градско и кај Росоман.

Силната нестабилност е проследена со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер, информираат од ЦУК.

Во Пелагонија попладнево имало и врнежи од град. На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани е регистриран удар на ветер од 150 км/час.

РЦУК – Велес известува дека на подрачјето на Велес на ден 20.08.2022г во 16.50ч од страна на пожарникарската служба во Велес биле известени дека во с.Каласлари имало запалено сено и паднати бандери.

ЦУК го известил СВР Велес за бандерите, а полицијата веќе била запознаена со случајот,а од страна на пожарната сеното ќе биде изгасено и оставено на сопственикот да го надгледува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе