Вести Македонија Топ вести

Еден ден по истекот на шест месечниот в.д мандат, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе оставка од функцијата. 

Еден ден откако му истече шест месечниот в.д мандат, директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе оставка од функцијата.

Муареми претходно соопшти дека по своја сопствена волја се повлекува од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција, имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување.

Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, се вели во соопштението до медиумите од Управата за финансиска полиција.

Од Управата, исто така, нагласуваат дека денешната одлука на Јавниот обвинител дава јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и оти злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви.

Муареми прв пат беше назначен за в.д директор на финансиската позиција во 2017 година, а во 2018 година стана директор. На 15 фебруари годинава му истече четиригодишниот мандат, и владата повторно го назначи за в.д директор со мандат од шест месеци, со можност за негово продолжување од уште шест месеци. Оставката Муареми денеска ја поднесе по завршувањето на владината седница, на која продолжувањето на неговиот мандат не беше на дневен ред. Според извори од владата за неговата оставка ќе се одлучува на следната седница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе