Вести Македонија Топ вести

„Балканската рута“ сѐ уште е омилениот пат на мигрантите кон ЕУ, надлежните не очекуваат нов бран бегалци

Полицијата се уште трага по возачот на шлеперот кој вчера се обиде да криучарни мигранти но излета автопатот кај клучката за селото Марвинци. Тој веднаш по незгодата побегнал од местото, оставајќи го камионот со скопски таблички регистриран на име на фирма и 49 мигранти од Сирија повеќето од нив со лесни повреди веднаш до автопатот каде биле затекнати од полициски патроли.
Според последните информации, двајца се задржани на лекување и се во стабилчна здравствена состојба а останатите, по укажаната лексраска помош, се наоќаат во прифатниоцт центар на граничниот премин „Богородица“

„Балканската рута“ на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до државите од Европската унија е жива и фреквентна, особено во летните периоди. Според официјалните податоци на МВР, во првите седум месеци од годината, бројката на откриени мигранти кои илегално сакале да влезат во државата е речиси идентична со бројката за истиот период минатата година. Најпорозна е јужната граница од каде што мигрантите влегуваат а потоа е северната со Србија од каде тие го продолжуваат патот кон западноевропските држави.

2022 година 2021 година
Грција 10.198 10.597 – 3,8%
Бугарија 4 4 ——–
Албанија 82 48 +41,4%
Косово 25 12 +52%
Србија 1.251 948 +32%
ВКУПНО 11.561 11.619

Но бројката на фатени криумчари и пресечени канали за транспорт на мигрантите е двојно поглема од минатата година. Во 53 случаи уапсени се 63 криумчари на мигранти како и 774 лица, нивни жртви кои платиле за да бидат префрлени од јужната до северната граница. Во една акција во која беше разбиена криминал група составена исклучива од странски државјани, полицијата мораше да ги користи и хеликоптерските едници бидејќи кампот каде мигрантите беа чувани и злоставувани се наоѓаше на непристапен терен во куманоскиот регион веднаш до границата со Србија.

 

01.01 – 25.07.2022 год 01.01.- 25.07.2021год
Откриени случаи 53 26 +101%
Број на Кривични дела 41 22 + 86,4%
Број на сторители 63 37 + 67,6%
Број на мигранти 774 371 + 109%

Проценките на МВР но и на европските безбедносни служби се дека до крајот на годинава нема да има нов мигрантски бран или зголемување на бројката на лица кои ја користат „Балканската рута“ за да стигнат до Европската Унија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе