Вести Македонија Топ вести

МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина

Министертво за надворешни работи на Северна Македонија нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 72 наши граѓани.

Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзани со евентуалното учество на наши државјани во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана, велат од МНР.

Властите во Москва објавија табела за, како што ги нарекуваат, странски платеници што се борат на страната на Украина. Меѓу земјите од кои во Украина доаѓаат „платеници“ е и Македонија. Според руското Министерство за одбрана, од почетокот на војната досега на украинска страна се бореле 79 македонски државјани од кои убиени се 26, вратени се 21, а активни на фронтот се уште 32 лица од земјава.

Меѓу земјите од кои има „платеници“ во Украина се и Албанија, Хрватска, Полска, Италија, Романија, Финска, Летонија и Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе