Вести Македонија Топ вести

Леви: Обврска на Владата е да спречи отворање објекти со имиња на докажани соработници на нацистите

По германската репоратажа, Еврејската заедница на Македонија проверува дали Бугарскиот клуб Иван Михајлов е сместен во куќа на депортирани Евреи. Почнува процедура во битолскиот катастар за потеклото на имотот. Одговорот го очекуваат најдоцна за 10 дена.

Во репортажата, гермаската новинарка го прашува директорот на клубот Ѓоргиевски, „Зарем не е бесчувствително културниот центар да му се посвети на човек кој соработувал со нацистите?“, тој и`одговара дека соработката не е докажана. Но, оваа негова реченица оди со појаснување од германскиот медиум дека историчарите не се согласуваат со ваквата теза. На информациите објавени во репортажата реагираше претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, кој за Телма вели, обврска на Владата е да спречи отворање објекти со имиња на докажани соработници на нацистите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Против сум избрзани решенија, мора да имаме јасна стратегија и концепот каков Судски совет сакаме да имаме

Дејан Дејан

Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунел во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе