Вести Македонија Топ вести

ЗДФ: Зарем не е нечувствително да се посвети културен центар на нацистички соработник во куќа на депортирани Евреи?

Зарем не е нечувствително да се посвети културен центар на Иван Михајлов, кој соработувал со нацистите, во еврејско маало во Битола, на еврејско семејство кое било депортирано во концентрационите логори, прашува германската новинарка на националната телевизија ЗДФ во нејзината репортажа за Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската унија.

Претседателот на културниот центар Љубчо Ѓоргиевски тврди дека соработката не е докажана, иако ЗДФ потенцира дека историчарите имаат различно мислење. Многу поважна е неговата улога во историјата на Бугарите во Македонија, уверува Ѓоргиевски, пред да инсистира во германските објективи дека учебниците по историја во земјата треба да бидат променети.

ЗДФ исто така ја нотира и промената во расположението кај македонската јавност за ЕУ.

Се чини дека работите се вртат против ЕУ во Македонија, откако владата вети промена на Уставот во замена за почеток на преговорите. Бугарите треба да бидат вброени како еден од народите во државата, како Албанците, Турците, Власите и Ромите. Дополнително, заедничка историска комисија со Бугарија треба да го утврди „точното“ читање на македонската историја и потеклото на јазикот, се вели во репортажата на ЗДФ.

Пристапувањето повеќе не зависи од владеењето на правото, економската стабилност и основните права, туку од вољјата на една земја членка. Ова е чекор назад за ЕУ, а за Македонија, несовладлива пречка, ја завршува ЗДФ репортажата од Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе