Вести Македонија Топ вести

Полицаец пукал со службениот пиштол пред партнерката, МВР го казниле парично

Бил насилен со партнерката која трпела страв и физичко насилство, осуден е два пати со казни под законскиот минимум, но затоа усепал да го задржи работното место во македонската полиција и 9 години да се грижи за јавниот ред и мир. Гостиварскиот полицаец- насилник успеал да го зачува своето работно место, а неговиот работодавец, министерството за внатрешни работи и покрај рекордите како непримерен полицаец го задржува на работа. По, сторијата на Телма, во која поранешната партнерка на Виктор Димовски од Гостивар се пожали дека за неа нема правда пред гостиварските судови, за Димовски во МВР имало. Иако пукал со службениот пиштол пред сопругата, судот во Гостивар не го осудил, а во МВР минал само со парична казна. Најбурната година за триесегодишниот чувар на редот и мирот е во 2020 –та. Дури дисциплински постапки, и понсика плата заради изречение ПАРИЧНИ казни, потврдија за Телма од МВР.

Во 2020 година, против истиот се водени три дисциплински постапки од страна надлежните органи при СВР Тетово. Во едниот случај го нарушил јавниот ред и мир, во вториот случај ја изгубил службената легитимација, а за тоа не ја известил соодветната организациска единица на Министерството, додека во третиот случај заради тоа што сторил кривично дело – “насилство“ по член 386 од КЗ. Во третиот случај од 2020 година на полицискиот службеник согласно Законот за полиција му е одземено службеното оружје и истиот е упатен на задолжителен психијатриски и психолошки преглед. Во сите три случаи истиот е парично казнет“, детално опишува МВР во одговорите за Телма тв.

Димовски, останува на работа, но без пиштол и со упат за психијатар, ќе одлучат органите во МВР. Но не откако пукал со службеното оружје, туку откако пред камерите во судот во Гостивар заедно со татко му ќе нагрне физички на неговата поранешна партнерка и нејзиниот татко. Чашата, според неговиот работодавец МВР, Димовски ја прелелал оваа година, но пак не го губи работното место.

Во 2022 година против полицискиот службеник заради тоа што сторил кривично дело – “насилство“ по член 386 од КЗ, од страна на ОВР Гостивар (како и во случајот од 2020 година) е поднесена кривична пријава врз основа на која е поведена кривична-правна постапка и истиот во моментов е на издржување мерка „куќен притвор“ а работниот однос во МВР му е во мирување,“ се наведува во одгворите на МВР

Освен одлуките на основен суд Гостивар и тамошната апелација за ниските казни под 6 месеци затвор заради кои законски не може да го загуби работното место и по образложението на МВР како тој сеуште во работен однос како полицаец, своја верзија наспроти онаа на неговата поранешна партнерка со која има малолетно дете Димовски најави дека целата документација со објаснување ќе ја достави до Телма телевизија.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе