Вести Македонија Топ вести

Избоден осуденик во затворот Идризово

Пред полноќ додека најголем дел од затворениците спиеле во една од келиите се сличил крвав инцидент. 36 годишен осуденик од Струга бил прободен и со сериозни повреди бил одненсен на клинички. Кој  го нападнал, полицијата истражува

На 06.08.2022 во 00.20 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 23.40 часот во едно од одделенијата во установата со остар предмет бил повреден осуденикот С.М.(36) од Струга. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ з аукажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Дознаваме дека од ноќеска се испитуваат и затвореници и вработени во Идризово. Клучна е изјавата на нападнатиот затвореник но во каква состојба е, дали е во животозагрозувачка состојба или не тој од Карил не кажуваат. Ноќеска бил примен во ургентниот центар од каде бил префрлен на Клиниката за анестезија и реанимација  но од таму во телефонски разговор ни рекоа дека информации даваат само на семејството а медиумите можат да се јават од понеделник.

Според информациите од Управата за извршување на санкции осуденикот имал 14 годишна затворка казна која потоа му била намалена и за одлежување има уште 6 години до 2028. Од Управата за Телма потврдија дека тој поради безбедносни причини барал преместување во внатре во самиот затвор во други оддели но кога му било понудено да го преместат  тврдел дека и таму има непријатели и не е е безбедно за него велат од Управата за извршување на санкции од каде најавуваат и надзор во затворот во Идризово

Управата за извршување на санкции ќе направи надзор и ќе го провери целиот тек на настаните. Ќе се разговара и со дежурните затворски полицајци кои работеле ноќта но ке го очекаме и извештајот на МВР, велат од Управата за извршување санкции.

Директорот на Идризово Шпенд Тахири иако најави не даде изјава за случувањето во затворот. Тој дојде на местото на Реџеп Рецепи кој во јуни беше разрешен  по претресите во Затворот во кои беа пронајдени дрога ладно оружје и телефони. Тогаш министерот за правда најави промени а невладините уште тогаш реагираа дека при посетите забележувани и ножеви во собите на осудените лица во затвореното одделение на установата,

И покрај тоа што сме апелирале на опасноста од (само)повредување на осудените лица, како образложение секогаш било истакнувано тоа дека тие немаат посебна просторија за јадење, па поради тоа поседуваат ножеви во нивните соби. Како резултат на ова се случувало осудени лица да се повредат во меѓусебна расправија, а имало и инциденти кога затвореници со нож повредувале припадници на затворската полиција, велат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Покрај ова невладините и народниот правобранител континуирано реагираат на пренатрупаност копрупција и субстандардни услови

Елена ивановска мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе