Вести Македонија Топ вести

Честите смени на министрите и кратењето на пари се поголем проблем за авторите од самата изјава – Владата застанат зад Стојчевска

Избрзана, конфузна и несреќна. Ова се оценките на претсавниците на култруната сцена за изјавата на минситерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска која вчера по бурните реакции се обиде да се дообјасни и делумно ретерираше од првичниот став кој беше  да се твори во духот на она што ќе го орасположи народот и публиката а историјата да не биде затвор.

Режисерот Вардан Тозија ја оцени изјавата на министерката Костадиновска – Стојчевска како избрзана и вели дека нема потреба да се крева паника околу слободата на уметничкиот израз во Македонија за која смета дека се користи и злоупотребува во дневнополитички цели во минатото и денес.

Режисерот Даријан Пејовски ја оцени изјавата како несреќна. За него поголем проблем е шшто се кратат парите за филм кога македонскиот филм има успеси на мешународната сцена како и  честите смени на министерите за култура што директно влијае врз независната културна сцена.

Тозија вели дека не може да сфати кои би биле евентуалните полтички импликации во иднина а кои би произлегле од слободата на говорот и креативното изразување.

Од Владата стојат зад министерката Костадиновска-Стојчевска и додаваат дека нути таа ниту Владата би ограничувале или цензурирале изразување и слободна мисла. Оттаму додаваат дека во Протоколот нема дел кој се однесува на уметничкото изрезување и негово евентуално ограничување.

Министерката вчера имаше изјава во која појасни дека воопшто не станува збор за цензура. Намерата на изјавата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, интенцијата секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување. Како што напомена и министерката, цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес како општество уживаме! Слободата на уметникот е неприкосновена и никој не може да ја ограничи.Тоа е став и на Владата. Ви укажуваме и дека во Протоколот потпишан со Република Бугарија не постои дел кој на каков било начин ограничува слобода на уметничко изразување, велат од Влада.

Изјавата на министерката Костадиновска – Стојчевска а потоа и нејзиното дообјаснување е повод за нова ридна на препукувања и обвинувања меѓу опоизицската ВМРО – ДПМНЕ и владеачката СДСМ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе