Вести Македонија

Автокампот Крани годинава остана речиси празен

Автокампот Крани на брегот  од Преспанското езеро, сопственост на Агроплод од Ресен, оваа сезона остана речиси празен, по несогласувањата на камперите со концесионерот Трпеновски ДОО за поскапувањето  на цената на закупнината. По расправиите, камперите формираа Здружение преку кое дојдоа до документи  од надлежните институции со кои тврдат дека автокампот Крани не регистриран и со години работи нелегално

Автокампот  Крани не е запишан во регистарот на кампови, ниту има категоризација. Компанијата Агроплод и Трепеновски ниту побарале да биде внесен во овој Регистер. Буквално работеле на црно и на државно земјиште од 2014 година, вели Владо Атансовски, кампер

Токму затоа за камперите е  спорен и договорот помеѓу Агроплод и Трепновски ДОО, склучен во 2014 година. Но, исто така се жалат и на  лошите услови иако со години плаќале за кампување.

Видовте тоалетите во каква состојба се , нема противпожарни апарати. Шахтите каде што сме повзрани ние камперите немаат ниту хидранти, нема пречистителна станица, буквално нема ништо, вели Атанасовски.

Од Агроплод пак тврдат дека автокампот Крани ги исполнува  законските  услови за работи, а  има согласност за основање од надлежните органи, но пред донесување на Законот за автокампови. За усогласување со овој закон се очекува да заврши и формално правно постапката за приватизација на имотот

Плановите се континуирано подобрување на условите и развој во модерен автокамп со сите придружни содржини, зголемување на капацитетот и атрактивноста со нови содржини. Овие активности  се преземаати  од страна  на Трпеновски ДОО во досегашниот период. Но, за поинтензивни инвестиции за развој на АК Крани е потребно да се решат сите имотно правни прашања“, се наведува во соопштението од Агроплод АД Ресен.

Камперите  пак ги повикуваат сите надлежни институции и инспекции да постапат и да спроведат контрола во автокампот Крани, кое велат е опсано и небезбедно емсто за сите кампери.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски го потпиша законот за мобилизација – затвореници ќе можат да заминат на фронт

Дејан Дејан

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Дејан Дејан

Кандидат за градоначалник во Мексико убиен во пукање на предизборен митинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе