Вести Македонија

Ескобар: САД се силен партнер за поддршка на Северна Македонија за брзо пристапување во ЕУ

САД ќе ги поддржуваaт Македонија и Албанија во нивните напори за реформи со цел процесот на евроинтеграција, што тие го започнаа, да се движи брзо, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија.

На денешниот брифинг посветен на ситуацијата во Западен Балкан, одговарајќи на новинарски прашања Ескобар укажа дека Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО.

Тој повторно ја истакна пораката од Стратешкиот дијалог, кој САД го имаа со Македонија во јуни во Вашингтон.

Нашата позиција од искуството со Северна Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница. Северна Македонија заслужено го започна движењето во нивниот процес кон Европа. Тие направија тешки реформи и продолжуваат да прават тешки реформи, изјави тој.

Укажа дека за САД, прашањето за јазикот и културниот идентитет на Македонија не е прашање, и ја повика земјата да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи што побргу во процесот за пристапување.

САД остануваат силен партнер во охрабрување и поддршка на Северна Македонија во тој процес. И конечно, земјата сигурно ќе биде успешна во тој процес, рече Ескобар.

Тој на брифингот говорејќи за историската, културната и економската припадност на Македонците, ја употреби придавката „Северномакедонци“.

Северномакедонците се Европејци, тие историски се Европејци, културолошки се Европејци и економски Северна Македонија е дел од Европа и е важен и ќе биде важен учесник во делот на транспортот ИТ секторот, па се до енергетскиот сектор, рече Ескобар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОН предупредуваат дека граѓанската војна во Судан е пред ескалација по една година судири

Дејан Дејан

Азески: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

Дејан Дејан

Во Молдавија на 20 октомври референдум за ЕУ и претседателски избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе