Вести Македонија

Во Струмица бројот на ковид позитивни секојдневно расте и до 30 случаи

Расте бројот на нови случаи на ковид-19 во Струмица. Помеѓу 10 и 30 пациенти има секој ден на дневната амбуланта во струмичката општа болница. Директорката на болницата, д-р Катерина Кузмановска вели дека сите пациенти се со полесна клиничка слика, но, тоа не треба да ги опушта граѓаните.

Овој период се забелжува и пораст на децата позитивни на ковид-19, но и кај нив нема изразени симптоми.

Во моментов во Југоисточниот регион има околу 250 активни случаи на ковид-19, од кои најголем број се во Струмица.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе