Вести Македонија Топ вести

По адресата и една од фирмите на Мијалков се пресели во Охрид

По адресата екс шефот на тајната полиција, а сега осуденик, Саши Моијалков си префрли и една од фирмите во Охрид. Станува збор за „Макпоинт“ ДООЕЛ Скопје, каде Мијалков се води како сопственик и управител, а која според официјалните податоци од 29 јули е „Макпоинт“ ДООЕЛ Охрид со адреса на улицата АСНОМ.

Станува збор за една од првите фирми на Мијалков, регистрирана е во далечната 1993 година, и првичната дејнoст е трговија со облека и обувки, за во 2016 да се смени во посредување во трговија со разновидни производи. Пред да ја добие охридската адреса, седиштето на оваа фирма беше на домашната адреса на Мијалков во населбата Капиштец, а потоа и на Водно.

Инаку, според официјалните податоци, во 2017 година се формира и фирмата „Поинт Оил транспорт“ со главнина од 203 илјади евра чија примарна дејност е товарен транспорт, а како сопственик се јавува токму „Макпоинт“ на Мијалков. Адресата е идентична кај двете фирми, улицата Тодор Александров број 77 на Водно. Истата година и „Макопинт“ ДООЕЛ Скопје, а сега Охрид, добива лиценца за домашен и меѓународен товарен транспорт.

Тој на почетокот на минатиот месец ја призна вината во случајот „Имеприја“ и се спогоди со Обвинителството, доби тригодишна затвроска казна и ќе остане без 6,1 милион евра во кеш и недвижен имот во вредност од околу 30 милиони евра, вклучувајќи градежна парцела во центарот на Скопје и 25 стана.

Мијалков, последниот во низата нови кираџии во Охрид, треба да се јави на издржување на казната на 8 август во затворот во Струга кој е од отворен вид, што значи дека доколку најде работен ангажман ќе треба само навечер да се јавува во казнено поправната установа за да преноќи.

Во струшкиот затвор казната ќе ја издржуваат уште тројца обвинети во „Империја“ кои признаа вина и се спогодија – Орце Камчев, Ненад Јосифовиќ и Тодор Мирчевски а кои исто така експресно ја сменија адресата на живеење од Скопје во Охрид.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе