Вести Македонија

Го пуштиле од болница како лесно повреден од сообраќајка, но 70-годишниот велосипедист се вратил во тешка состојба и починал

Полицијата соопшти дека 70-годишен велосипедист починал во Битола неколку часа по сообрајна незгода во која удрил во автомобил што стоел.

Иако првично лекарите во битолската болница го прегледале и го пуштиле на домашно лекување со полесни повреди, повредениот се вратил чувствувајќи се лошо и починал.

Во продолжение соопштението на МВР:

На 12.07.2022 околу 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Македонски гемиџии“, велосипед, управуван од Ј.Б.(70) од Битола, удрил во запрено патничко возило „фолксваген шаран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(51) од Битола.

По несреќата Ј.Б. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување. Во координација со Јавен обвинител увид извршила екипа од СВР Битола.

Подоцна, во текот на денот, Ј.Б. повторно се јавил во Клиничката болница Битола, при што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил препратен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што вчера починал на Клиниката за неврохирургија. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе