Вести Македонија

Наќе Чулев не е повеќе во Агенцијата за разузнавање: Не е поради моја вина, актуелната власт врши  елиминација на безбедносните кадри  

Техничкиот министер за внатрешни работи пред изборите 2020-тата и поранешен директор на Агенцијата за разузнавање Наќе Чулев објави статус на ФБ на кој наведува дека веќе не е дел од безбедносниот систем на државата за што ја обвини актуелната власт.

=По повеќе од 25 години поминати во служба на татковината и граѓаните на Македонија, не по моја вина, на мое жалење повеќе не сум дел од безбедносниот систем. Тоа што за сите нас е патриотизам и љубов кон татковината, оваа предавничка власт сега го стигматизира како македонски екстремизам и радикализам, а македонските патриоти, преку креирање на перфиден систем на лажни и фабрикувани информации континуирано ги елиминира од безбедносниот систем. На тој начин, смислено и со план ги ослабнуваат капацитетите на државата и ја доведуваат во подредена положба, напиша Чулев.

Тој рече дека сите кадри продолжуваат со работат во интерес на Македонија, а наведе и дел од своите постигнувања во кариерата.

-Јас сум човек – професионалец кој својата кариера ја градел чекор по чекор, почнувајќи од најниското скалило во службата. Сите овие години бев во првите редови на одбраната на уставниот поредок, територијалниот суверенитет и интегритет и безбедноста и интересите на Македонија. Ја сакам државата и придонесував за неа. Учествував и во многу операции за поддршка на меѓународната безбедност за што имам добиено награди и признанија како од неколку поранешни директори на матичната институција и претседателот на државата, така и од меѓународни партнери, порача Чулев.

Чулев во време на претседателските мандати на Ѓорге Иванов беше директор на Агенцијата за разузнавање каде беше вработен, а остана во институцијата и после завршувањето на директорскиот мандат.

Телма упати прашања до Агенцијата за тврдењата на Чулев, но не добивме повратен одговор до објавувањето на информацијата.

Претходно, Чулев неколкупати беше санкциониран поради фејсбук статуси поврзани со состојби во МВР за време на неговиот мандат. За време на протестите против францускиот предлог одржа и прес конеференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така објави и повеќе фотографии за учество на протестите пред владата.

Агенција за разузнавање за Наќе Чулев: Манипулира, не добил отказ туку е суспендиран поради безбедносен сертификат

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе