Вести Македонија

Агенција за разузнавање за Наќе Чулев: Манипулира, не добил отказ туку е суспендиран поради безбедносен сертификат

Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата за разузнавање, тој од 8 јуни 2022 е суспендиран од работа, се вели во одговорот на Агенцијата на прашањето во врска со денешната објава на поранешниот технички министер за внатрешни работи и поранешниот директор на Агенцијата дека по 25 години служба повеќе не е дел од безбедносниот систем.

– На 08.06.2022, Наќе Чулев е суспендиран од работа. Причина за суспензија е добиеното Решение од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со кое се регулира материја поврзана со безбедносниот сертификат. До овој момент Наќе Чулев нема добиено отказ од Агенцијата. Со ова Агенцијата за разузнавање констатира дека Наќе Чулев манипулира со јавноста, се наведува во одговорот на Агенцијата.

Претходно Чулев на Фејсбук објави дека по 25 години служба повеќе не е дел од безбедносниот систем.

Наќе Чулев не е повеќе во Агенцијата за разузнавање: Не е поради моја вина, актуелната власт врши  елиминација на безбедносните кадри  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани лани во октомври

Дејан Дејан

Инаугурацијата на Силјановска Давковка во Собранието ќе се одржи утре напладне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе