Вести Македонија

Миладиновци ќе добие нова пешачка патека

Денеска започна изградбата на пешачката птека во н.м Миладиновци. Пешачката патека ќе биде во должина од околу 800 метри и ќе се протега од влезот на Миладиновци, па се до паркот со споменикот на Васил Аџаларски, соопшти локалната самоуправа.

Увид во градежните работи денеска направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека изградбата на оваа пешачка патека е од голема важност за жителите од населеното место Миладиновци, со што значително ќе се придонесе за поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, особено на пешаците и велосипедистите.

Од Општина Илинден најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат да инвестираат во безбедноста и унапредување на сообраќајот и унапредување, со изградба на пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Путин по петти пат стана претседател на Руската федерација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе