Вести Македонија

Делови од Скопје и Крушево ќе бидат без вода и струја

Поради дефект на затворач со пречник од 80 милиметри на улицата „Франклин Рузвелт“ бр.50А, денеска од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“ до крстосницата со улицата „Орце Николов“.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, пак,  информираат дека во среда на 27 јули поради уличен дефект на цевка со профил од 300 милиметри, лоциран на крстосницата меѓу улиците „Париска“  и „Хелсинки“, прекинато водоснабдување од 9:00 часот ќе имаат корисниците од улиците „Хелсинки“, „Париска“, „Варшавска“, „Ташкентска“, „Хаванска“ и „Мексичка“, како  и зградите на булеварот „Партизански одреди“ на потегот од улицата „Париска“ до улицата „Лондонска“. Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

 

Корисниците од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ на потегот кај крстосницата со улицата „Ферид Бајрам“ и објектите околу поранешно „Тедико“ во општина Бутел денеска од 8:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 14:00 без струја ќе биде и дел од селото Горно Соње, местото викано Под Црквa, а од 9:00 до 12:00 часот дел од улицата „Пат за Китка“ во општина Кисела Вода.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД Скопје.

 

Бидејќи во текот на изминатата ноќ се забележани  проблеми во процесот на пумпање на вода и генерално водоснабдување на град Крушево со цел да се испитаат проблемите  ќе има прекин на вода.По завршување на испитувањето на состојбите ќе се рестартира редовното водоснабдување.Еве во кои делови од градот ќе има прекин на вода:

  • Центар
  • Партизанска
  • Питу Гули
  • Коча Миленку
  • Манчу Матак
  • Нико Доага

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе