Вести Македонија

Битолската коњаница „Галоп“ јава кон Крушево

Битолската коњаница „Галоп“ од пред Офицерски дом во Битола го почна седумдневното патување до Крушево каде на Илинден ќе учествува на манифестациите во тој град.
Ѓорги Стојчевски, одговорен водач на коњаницата и претседател на Здружение за рурален развој и организирање на битолска коњаница „Галоп“-Битола, истакна дека во коњаницата учествуваат 12 момчиња и две девојки кои со своите коњи ќе одјаваат пат долг 174 километри, почнувајќи од Офицерски дом, а вечер ќе преноќат во селото Цапари.

За овој предизвик се подготвувале шест месеци, од месец јануари до денес.Подготовките биле тешки, но тие лично ги подоготвувале коњите и самите себе со кондиција.

На патот до Крушево се и две девојки Симона и Ивана кои изразија желба да се вклучат во одбележувањето на Илинден и да се оддаде почит на илинденците кои го дале животот за Македонија, истакна Стојчевски и потсети дека само во битолското село Цапари биле евидентирани 94 илинденци.

Според планот, битолската коњаница во Крушево треба да пристигне на 31 јули, на 1 август ќе учествуваат на дефиле во Крушево, а на 2 август на Мечкин Камен ќе го одбележат државниот празник Илинден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Правда сè уште чека официјално известување за уапсената кондовска група на Красниќи

Дејан Дејан

Тројца повредени, едно лице се бори за живот, преполовен Шевролет – страотна сообраќајка во Влае

Дејан Дејан

Дијаспората гласа за претседател

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе