Вести Македонија

Во последните три дена 1.261 ковид-позитивни и четворица починати

Во последните три дена регистрирани се 1.261 нов случај на Ковид-19 од наперавени 2.989 тестови, оздравени се 1.085, а починале четири лица, соопшти Министеството за здравство.

Од новорегистрираните случаи, во Скопје се 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, Гостивар – 29, Неготино – 27, Струмица – 23, Струга – 22, Кичево – 19, Крива Паланка – 18, Ресен – 16, Штип – 15, Кочани – 12, Гевгелија и Свети Николе – по 9, Дебар – 8, Радовиш и Кратово – по 7, Валандово – 5, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 4, Македонски Брод – 3, Делчево – 2, Виница, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.261), евидентирани се 295 реинфекции.

Регистрирани сe 1.085 оздравени пациенти од: Скопје – 578, Битола – 80, Куманово и Кавадарци – по 51, Велес – 41, Охрид – 35, Тетово – 26, Гостивар и Струмица – по 25, Штип – 19, Прилеп – 18, Струга и Кичево – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Ресен – 12, Неготино и Кратово – по 10, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 6, Свети Николе – 5, Крушево – 4, Радовиш, Берово и Делчево – по 3, Дебар, Виница и Богданци – по 2.

Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86г) и Македонски Брод (79г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 26.06.2022 – 01.07.2022г.

Направени се 2.989 тестови преку: ИЈЗ-323, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-75, Биотек-123, Систина-62, лабораторија Лаор-14, Синлаб-28, Ремедика-7, Плодност-37, Генеа-9, Никоб Лаб-160, ВФВ Медикал-16, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.601.

Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Пропалестинските протести ги зафатија австралиските универзитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе