Вести Македонија

Сите трошоци за здравство се зголемени од 20200 година

Вкупните тековни трошоци за здравството во 2020 година изнесувале 51 750 милиони денари и бележат пораст од 5,7 проценти во однос на 2019 година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вкупните трошоци за лекување во здравствените шеми во 2020 година изнесувале 28 445 милиони денари, додека во 2019 година изнесувале 27 657 милиони денари, што претставува пораст од 2,8 проценти, информираат од Заводот за статистика.

Трошоците на болниците за лекување изнесувале 17 110  милиони денари, што е 84 проценти од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции.

По даватели на здравствена заштита, најголемо е учеството на болниците и тоа изнесува 20 361 милион денари во 2020 година, а 18 818 милиони денари во 2019 година.

Делот на владините (буџетски) механизми и задолжителното здравствено осигурување во тековните трошоци за здравството e најголем и во 2020 година тие изнесуваат 31 337 милиони денари, а во 2019 година 29 556 милиони денари, велат од Државниот завод за статистика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржи инаугурацијата на рускиот претседател Путин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе