Вести Македонија

Нема зголемен додаток за попреченост на лицата со хендикеп

Маргинализирани и заборавени од државата. Вака се чувствуваат 140 000 лица со попреченост во Македонија, една година по протестите за подобрување на условите за живот, по кои, како што велат, ништо не направила Владата за да им ги олесни животите. Од Коалицијата Менуваме велат дека и покрај ветувањата што ги добиле од претходната министерка за труд, Шахпаска и по средбата со актуелната министерка Јована Тренчевска, сеуште не добиле зголемување на додатокот за попреченост од 15 %, на основицата која изнесува 7000 денари.

Еве го помина ребалансот на буџетот, а ништо нема . Дури и националните организации имаа средба со госпоѓата сегашна министерка Тренчевска, а ништо нема ден- денес за оваа категорија , лица со попреченост. Сведоци сме, за други категории граѓани има, а како лица со попреченост повторно сме ставени во заборав и едноставно оставени само на себе, вели Суарет Алишан- програмски директор на Коалиција Менуваме

Во оваа ситуација лицата со попреченост мораат од свој џеп да издвојат пари за лекови, кои во одредени случаи достигнуваат суми до 30 илјади денари, вели Алишан. Според него, ваквиот однос од државата која претендира да стане членка на ЕУ, значи кршење на членовите од европската Конвенција за права на лицата со хендикеп и легислативата на ОН, за достоинствен живот на оваа категорија граѓани.

Во изминатите месеци Коалицијата Менуваме се вмрежила со слични национални организации од други земји и за проблемот ќе го алармира Комитетот во Женева, канцеларијата на ЕУ во Скопје и Централата во Брисел.

Од МТСП велат дека за лицата со хендикеп е предвидено годинава да добијат зголемување на додатокот за попреченост.

Врз основа на Програмата за работа на Владата на РСМ за 2022 година, предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15 % за сите три категории корисници на ова право, а измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата е влезен во собраниска процедура и обезбедени се средства за ова покачување со ребалансот на буџетот.

Доставена е и измена на Законот за социјална заштита, со која се дополнуваат критериумите за користење на личната асистенција, односно дополнување со комбинираната попреченост, како и намалување на возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост, без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 години за жени и од 64 на 62 години за мажи, дополнуваат од МТСП.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Додека ги служело здравје оделе на гласачки места, сега гласаат во домашни услови – за 76-годишната Слободанка и 81-годишната Митра гласањето останува свечен чин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе