Вести Македонија Топ вести

Името „Ванчо Михајлов“ сѐ уште чека на работната група во Правда, но и спроведување на Протоколот

Додека Ламбе Алабаковски го чека првото рочиште за палењето на влезот на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, работната група при Министерството за правда се уште работи на измените на Законот за здруженија и фондации во рамки на која, пред три месеци, беше најавено дека ќе се разгледаат и прашањата за употребата на имињата на историските личности.

Отворањето на Клубот „Ванчо Михајлов“ во средината на април го отвори прашањето на регистрацијата на здруженија, но и на трговски друштва под контроверзни историски имиња и топоними, како Тодор Александров, Цар Душан, Илирида, покажувајќи дека во змејава не постои регистер на имиња кои не се дозволени за употреба поради предизвикување некаков вид на нетрпеливост или наведуваат на уривање на уставниот поредок на земјава.

Од Министерството за правда зе Телма информираат дека работната група треба да одржи состанок во периодот кој следува на кој што ќе се разгледа анализата и ќе се изготви првична драфт верзија за измени на Законот за здруженија и фондации, но  без конкретно наведување, дали ќе се прави и регистер на имиња.

„Во моментов нема заземено став по однос на воведување регистар, но се очекува ова прашање да се разгледа во наредниот период. Групата  ќе ги разгледува сите отворени прашања кои се однесуваат на историските личности“, наведуваат од министерството за правда.

За регулирањето на контоверзни имиња на веќе постоечки здруженија и фондации, од Правда наведуваат дека за тоа е доволна и постојната правна рамка. Поточно, актуелните закони, врз основа на судската пракса на Европскиот суд за човекови права, овозможуваат надлежните институции да реагираат на контроверзно име на некоја организација.

„Со внимателно повикување на судската пракса на ЕСЧП, е доволна за надлежните институции, ако се доведе во прашање називот на организацијата со одредена контроверзна историска личност, да ги следат и оценат суштински како програмските документи, така и дејствијата на организацијата и нејзините членови пред да донесат каква било одлука за забрана на упис или забрана за дејствување“, наведуваат од министерството за правда.

Инаку отворањето на Клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола во април ги донесе до усвитување односите меѓу двете држави поради тоа што тој за македонската страна е соработник на фашизмот, додека бугарската ја негира таквата улога на Михајлов во Втората светска војна. Целиот македонски државне врв го осуди отворањето на Клубот во Битола со негово име. Шефот на дипломатиијата тогаш името на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ го нарече погрешен избор и провокација.

Пред една недела пак Македонија и Бугарија го потпишаа вториот протокол за спроведување на Договорот за добрососедство во кој, во третатат точка од дневниот ред, под „говор на омраза“, двете државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против и идентификување на говор на омраза во написи на јавни згради и споменици, учебници, како и во јавиот простор, но и ќе обесхрабрува, во таа насока, и активности и на приванти субјекти.

Телма денеска побара став од македонското МНР дали согласно оваа преземена обврска од Протоколот македонската страна ќе побара од бугарската страна да реагира на користењето на имиња, вклучително и на името Ванчо Михајлов или Иван Михајлов, од страна на бугарските здруженија во земјава, кои предизвикуваат или би можеле да предизвикаат негативни реакции во Македонија.

До почетокот на овие вести не добивме одговор од македонското Министерство за надворшени работи.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почна предизборниот молк- денеска гласаат затворениците, болните и изнемоштени лица и дијаспората

Дејан Дејан

(Видео) Страотна сообраќајна несреќа утрово на Партизанска во Влае

Дејан Дејан

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе