Вести Македонија

Зголемени се цените на закупнина на тезгите на пазарот во Куманово

Зголемени се цените на закупнина на тезгите на ЈП „Пазаришта“ Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Цените за закуп се зголемени во просек од 25 проценти.Тие се зголемени поради енергетската криза зголемувањето на минималната плата, воведување на недела работен ден и доплатата за 50 отсто.Според

Според проценките на надлежните и покрај зголемувањето на цените за закуп, кумановските пазари нудат најниски цени во државата

– Првите месеци пред енергетската криза со домаќинско работење успеавме да го сузбиеме овој дефицит. И само што се стабилизиравме, почна енергетската криза, воведување минимална плата, дополнителни трошоци за недела неработен ден. Зголемувањето е за 25 проценти, дури и со оваа непопуларна мерка ќе успееме да остваривме недоволен приход од 250.000 денари, изјави директорот на претпријатието Кадриу.

Тезгите на пазарот пред одлуката се движеа од 1.820 до 3.050 денари во зависност од поставеноста. Сега, за прва категорија ќе се наплаќа 3.850 денари. Како што појаснува Кадриу, овие цени се драстично помали од цените за закуп на останатите пазари кои како што кажа се движат од 3.500 до 7.000 денари на ниво на државата. На зелениот пазар од 700 закупени се 485 што е значително зголемување споредено со претходните години кога биле закупени само 300 тезги. На реонскиот се искористени 18 од 100 тезги. Пазарот за стари работи во село Којнаре бележи раст на приходите од 100 на 300.000 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе