Вести Македонија Најважни

Владината декларација за јазикот до Брисел ги подели македонистите

Македонистите се поделија околу изјавата за македонскиот јазик на владата доставена вчера во Брисел, дали таа го потврдува или го негираат историскиот развој на македонскиот јазик, но и постоењето на негвоите дијалекти надвор од територијата на денешната македонска држава.

За првиот човек на Советот за македонски јазик и професорот на Филолошкиот факултет Људмил Спасов, декларацијата го потврдуваа континуитетот на македонскиот јазик кој што се наоѓа и надвор од границите на државата.

„Надвор од државата живеат македонски заедници, тоа е неспорно, кои што го негуваат македонскиот литературен јазик. И постојат македонски дијалекти, дијалекти на македонскиот дијалктен континуум коишто му припаѓаат на македонскиот јазик. Нашата наука, нашата култура се занимава, и треба да се занимава, со овие дијалекти, бидејќи тие го чинат богатството на јазикот“, вели професорот на Филолошкиот факултет, Људмил Спасов.

Спротивно на него професорката од Институт за македонски јазик Елка Јачева – Улчар, смета дека макеоднската изјавата доставена во Брисел оди на линија на бугарскотот тврдење за македонскиот јазик – дека тој нема свој историја пред 1945 година и оти е дефиниран само во рамките на државата.

„Во изјава стои дека македонскиот јазик е дефиниран само во рамките на државата, Република Македонија, со што се избегнува дијалектното простирање на македонските дијалекти на запад – во Албаниј и Косово, на југ во Егејска Македонија и на исток во Пиринска Македонија“, е ставот на професорката од Институтот за македонски јазик Елка Јачева – Улчар.

Јачева – Улчар смета дека изјавата со ваква тежина – за јазикот, наместо да биде еднозначна и да бида лишени од секакви можни различни толкувања, според неа, не го штити македонскиот јазик.

„Како што гласи и како што срочена ми се чини дека немаме никакви гаранции дека понатаму макеонскиот јазик ќе биде именуван како „македонски“, а не како што кажуваат Бугарите – како официјален јазик на РС Македонија. И сметам дека вака срочената изјава е комплементарна со бугарската, спротивставена на она што го кажува науката за македонскиот јазик – македонистиката“, смета професорката Јачева – Улчар.

Спасов пак толкувањето на дел од неговите колеги, македонисти, дека со декларацијата не се штити македонскиот јазик и се прави откажување од неговите говори надвор од територијата на државата вели дека е само погрешно разбирање на документот.

„Тоа мислам дека е погрешно разбрано бидејќи овој текст го кажува тоа. Овој текст се занимава со стандардниот јазик, меѓутоа, не, не се завршува јазикот во границите на Северна Македонија. Ќе кажам една поетска мисла на Блаже Конески – се она што е создадено на македонски јазик ја претставува нашата идеална татковина“, вели проф. Спасов.

Она за што и спасов и Јачева Улчар се согласуваат е дека изјавата на бугарската страна останува на линијата на негирањето на македонскиот јазик, кој според Јачев – Улчар е повеќе политичка.

„Тој став на бугарската страна е став на политиката, но не и на науката“, вели проф. Јачев – Улчар.

Спасов пак за бугарската декларација вели дека се темели на бугарската култура која се гради наназад 200 години.

„Да не го заборавиме митот на санстефанска Бугарија и т.н., да не го заборавиме и тоа“, вели проф. Спасов.

Втората работа за која двајацата професори – македонсти се согласни и дека и покрај сите негации македонскиот јазик е признат од научната и светска лингвистичка заедница.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе