Вести Македонија Топ вести

Димитров: Сите знаат дека станува збор за билатеризација на европски процес

„Сите знаат дека станува збор за билатеризација на европски процес. Оваа еуфорија утре ќе заврши, бидејќи не чека напорот за промена на Уставот, работата на историчарите која треба да се заврши“, истакна во вечерашното гостување на Телма, поранешниот министер за надворешни работи, како и екс вице премиер за евроинтеграции, Никола Димитров.

Тој истакна дека прославата дека ветото е подигнати е тажна, бидејќи тоа е развлечено низ целиот евроинтегративен процес. Димиторв потенцираше дека владата вети дека ќе испорача нешто што е може да го испорача, а нема 2/3-тинско мнозинство потребно за промена на Уставот.

  • „Бугарската страна не само што не зборуваат за Македонци во Бугарија, тие не зборуваат за Македонци во Македонија“, вели Димитров.

Тој потенцираше дека денеска австирската министерка за ЕУ изразила жалење што не може во целсот да почнат преговорите и билатералните прашања станале услов и одредница за пристапните преговори на Македонија во ЕУ, нешто коешто според неа не треба да се повтори.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе