Вести Македонија Топ вести

Владата ја наруши позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија и ЕУ, смета ВМРО – ДПМНЕ

Тајно водење на преговори, Собранието целосно исклучено од процесот исто како и професионалните дипломати во МНР се дел од причините за поразот на дипломатското поле во преговорите со Бугарија и со ЕУ и за тоа триото Ковачевски – Османи – Маричиќ мора да понесат одговорност. Ова се заклучоците од трибината која ја организираше опозициската ВМРО ДПМНЕ. СДСМ реагираше, ВМРО – ДПМНЕ со ширењето на дезинформации ја наруши позицијата на државата и работи против националните интереси

Владата ја наруши позицијата на Македонија во преговорите со Бугарија и Европската Унија и ја стави државата во подредена положба, процесот го водеше тајно, без да се консултира со експертите и целосно го исклучи Собранието за разлика од Бугарија каде што Владата и Претседателот се водеа по насоките и барањата дадени од Собранието. Затоа Владата и пред се премиерот Ковачевски, министерот Османи и вицепремиерот Маричиќ, мора да понесат одговорност. Ова се дел од заклучоците на денешната трибина на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

За макдонскиот јазик не смееше да стане збор а камо ли да се разговара и Протоколот не смее да се потпише, дециден е поранешниот македонски амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев

За пратеникот, Антонио Милошоски, клучно е што во процесот не се вклучени долгогодишните дипломати од МНР и дека се се сведува на триотот Ковачевски, Османи – Маричиќ а односи меѓу Македонија и Бугарија ги оцени како лоши и тензични.Тој побара премиерот да ги објави записниците од средбите со бугарскиот и францускиот престедател.

СДСМ  на веќе познатиот став дека опозициската ВМРО – ДПМНЕ шири лаги, одработува за туѓи интереси и со тоа причинува штета на државните позиции и националните интереси

Бугарското МНР вчера соопшти дека Бугарија е подготвена го потпише Протоколот според член 12 од Договорот за добрососедство со Македонија и со тоа да ја одобри првата меѓувладина конференција за Македонија со ЕУ, веднаш штом македонските власти ќе го потпишат билатералниот протокол.

Огнен Чанчаревиќ

Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ:

  • ВМРО-ДПМНЕ за одговорност треба да погледне во своите редови и да побара одговорност од Христијан Мицкоски. Токму Мицкоски ги рушеше државните позиции со Бугарија, во клучен период од евроинтегративниот процес на државата.

Во период важен за евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поткопуваа државните позиции, поддржаа Резолуција со ставови на Бугарија, ширеа лажни вести и деструкции. Ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата. Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лаги, се однесува срамно, неодговорно и недозволиво, Владата предводена од СДСМ ги заштитува државните и националните интереси, соопштуваат од СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе