Вести Македонија Топ вести

Не излегувајте меѓу 11 и 17 часот и конзумирајте свежа храна, зеленчук и овошје

Високите температури и топлото време ги зголеми повиците во Итната медицинска помош. Во текот на еден ден има дури и до 100 интервенции. Граѓаните треба да внимаваат и со употребата на клима уредите.

  • Најчесто во изминативе денови има доста колапси  на јавни места, се жалат и луѓето со срцеви заболувања, респираторни заболувања. Надвор се високи температурите, треба да се избегнува шетање на јавни места во периодот кога времето е најтопло од 11  до 17 часот, особено треба да внимава постарата популација, тука настануваат и најголем број на колапси. Користењето на клима уредите, потребно е да се разладуваме, но контролирано не треба никогаш разликата да биде поголема од десет степени, затоа што и тоа е еден температурен шок на организмот којшто доведува до други последици и колапси-Ирина Манчевска – Настоска.

Граѓаните треба секогаш да имаат течност со себе, лесна облека и заштита на оние делови кои се изложени на сонце во оној период кога УВ зрачењето е најголемо.  За најмладите важат истите препораки. Сепак и покрај апелот  на здравствените лица граѓаните велат дека се обидуваат да се справат со топлото време, но не секогаш можат да ги планираат своите обврски според препораките рано наутро, па се снаоѓааат како умеат.

Во топлите денови најдобро е да се конзумира свежа храна, најмногу зеленчук и овошје. Во овој период од годината зголемен е бројот на труења, па лекарите советуваат храната да е добро термички обработена и да се чува на соодветна температура.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе